ФОТО | Ким Кардашијан на вратот носи ѓердан вреден 150 000 долари: Дали ријалити ѕвездата заборави на грабежот од пред пет години?

Instagram
Instagram

По грабежот од пред пет години, Ким Кардшијан изјави дека никогаш повеќе нема да се фотографира со скапоцен накит, но ријалити ѕвездата деновиве го прекрши ветувањето.

Дијамантскиот ѓердан кој го носи Ким на една од последните фотографии на својот инстаграм – профил вреди 150.000 долари, а не 40.000, како што првично беше проценето.

Имено, американскиот „Радар“ открива дека ријалити ѕвездата носи огрлица која чини повеќе од домот на многу луѓе во нејзината земја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)


Извор кој има директно познавање за вредноста ѓерданот, вели дека последното парче накит со кое се пофали ѕвездата  „Keeping Up With The Kardashians“ има приближно 100 карати и вреди 150 000 американски долари.

Ѓерданот специјално направен за Ким од страна на „ Jay Feder Jewelers“ позната како една од најпопуларните златари во светот.

Пред скоро 5 години, Ким јавно вети дека повеќе нема да го покажува својот дијамантски накит на социјалните мрежи, откако беше ограбена во Париз за време на Модната недела, во октомври 2016 година. За тој случај , Ким изјавила дека тој момент е најстресниот во нејзиниот живот, бидејќи станувало збор за вооружен грабеж, а оттогаш го зголемила бројот на телохранители кои го следат секој нејзин чекор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот