ФОТО | Ја одбележаа годината: Десетте најдобри креации на црвениот тепих во 2023

Фото: EPA/Profimedia

Иако Холивуд штрајкуваше речиси четири месеци, па голем број настани беа откажани, необичните модни комбинации на познатите личности не останаа незабележани. Од посветената имитација на мачката на Карл Лагерфелд, костимот што Џаред Лето го носеше на минатогодишната Мет гала, до Марго Роби која го промовираше изгледот на популарната кукла во природна големина за време на промотивната турнеја за филмот „Барби“ („Barbie“) – оваа година креативноста беше на високо ниво, пишува „Си-ен-ен“.

Хари Стајлс на наградите Греми

На доделувањето на американските музички награди во Лос Анџелес, британскиот музичар Хари Стајлс триумфираше со својот најдобар поп албум. Хари Стајлс се појави на црвениот тепих во комбинезон со длабоко деколте, украсено со кристали „Сваровски“. Неговиот комбинезон потсетуваше на оние што ги носеа Мик Џегер и Дејвид Боуви во седумдесеттите години. Креацијата на комбинезонот ја потпиша модниот стилист Хари Ламберт.

Хари Стајлс
Фото: David Fisher / Shutterstock Editorial / Profimedia

Маргот Роби во креација на Вивиен Вествуд на лондонската премиера на филмот „Барби“

За време на промотивната турнеја на филмот „Барби“ („Barbie“), Марго Роби и нејзиниот стилист Ендрју Мукамал прецизно го рекреираа изгледот на куклата Барби во природна големина. Еден од најраскошните моменти беше во Лондон, кога Марго Роби се појави во бебешки розев фустан од дизајнерката Вивиен Вествуд, креација инспирирана од куклата Барби.

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Карди Би на видео музичките награди на Ем-ти-ви

Раперката и актерка Карди Би никогаш не бегала од „драматичниот“ моден стил, иако е позната по модните парчиња од модната куќа на Тери Муглер и „Баленсијага“. На споменатата церемонија таа, сепак, облече модел на независната турско-британската дизајнерка Дилара Финдикоглу. Фустанот ѝ беше изработен со сребрени детали.

„Морам да бидам креативна во сè – настап, облека, слики, стил“, изјави Карди Би.

Фото: EPA-EFE/SARAH YENESEL

Џаред Лето како мачка на Мет гала

Минатогодишната Мет гала беше посветена на чествувањето на наследството и креациите на Карл Лагерфелд. На црвениот тепих имаше бисери, твид, сиви перики. Но, Џаред Лето имаше поинаков изглед, кој ја одбележа вечерта. Познатиот актер се појави во костимот на мачката Шупет, со бели шепи и сини очи, која беше неофицијалната маскота на настанот – омилената мачка на Лагерфелд. За повеќето луѓе, костимот на Лето беше целосно изненадување.

Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Фан Бингбинг на Канскиот филмски фестивал

Кинеската актерка Фан Бингбинг воодушеви со изборот на фустан на минатогодишниот Кански филмски фестивал. Фустанот на Кристофер Бу, бајковита креација со мотиви од џунглата најмногу ги воодушеви новинарите. Насликан со мотиви од бамбусова шума, фустанот потсетуваше на традиционалната кинеска уметност.

Фото: SGP / ddp USA / Profimedia

Ен Хатавеј во винтиџ „Валентино“ на Британските модни награди

Архивскиот изглед од „Валентино“ на Ен Хатавеј, кој го стилизираше Ерин Волш, понуди интересен моден пресврт – одржлив и инспириран од италијанската кујна.

„Валентино го дизајнираше фустанот имајќи шпагети на ум“, изјави Џанкарло Гуамети за „Вог“.

„Отсекогаш сонував да бидам тестенина“, со насмевка искоментира актерката Ен Хатавеј.

Фото: Julie Edwards / Avalon / Profimedia

Џенифер Лоренс во „Диор“ и апостолки на Канскиот филмски фестивал

Сјајот и гламурот се типични за Канскиот филмски фестивал, но Џенифер Лоренс навистина го привлече вниманието во креација на „Диор“. Стилист ѝ беше Џејми Мизрахи, а Лоренс го спои класичниот црвен фустан со удобни црни апостолки.

Фото: Profimedia

„Скјапарели“ Сиена Милер во светот на Вог

Актерката Сиена Милер го имаше своето спектакуларно деби во светот на „Вог“ во септември минатата година. Неверојатна креација на стилистот Хари Ламберт, кој избра дводелно „пуф“ парче од „Скјапарели“, кое одлично го „врами“ стомакот на Сиена Милер.

Фото: Steve Vas / imago stock&people / Profimedia

Риз Ахмед во „Прада“ на Оскарите

Иако не беше целосно без маица, Риз Ахмед беше со голи гради на минатогодишното доделување на Оскарите. Ахмед и неговата стилистка Џули Ранголи го претставија моделот на „Прада“, најновиот дизајн на колекцијата 2023 година. Покрај оделото, Ахмед носеше розова кошула со шетланд волна, која ѕиркаше под модерното сако со впечатлива јака.

Фото: David Fisher / Shutterstock Editorial / Profimedia

Ријана во „Скјапарели“ на Златните глобуси

Пејачката Ријана беше, можеби, една од најдобро облечените присутни на доделувањето на филмските награди Златен глобус. Стилизирана од нејзиниот долгогодишен соработник Џалал Вивер, црниот кадифен фустан на Ријана потсетуваше на стариот холивудски гламур, искомбиниран со џиновска наметка и соодветни кадифени ракавици до лактовите.

Ријана
Фото: HFPA via The Grosby Group / Grosby Group / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот