ФОТО | Извонредно откритие: Видете ја Црната дупка во срцето на нашата Галаксија

Црната дупка во срцето на нашата Галаксија Млечен пат, Фото: Event Horizon Telescope

Огромната црна дупка што живее во центарот на нашата галаксија, позната како „Sagittarius A*“ – Стрелец А*, црната дупка е поголема четири милиони пати од масата на нашето Сонце и беше фотографирана за првпат. На фотограгијата направена од телескопот „Евент Хорајзон“ се гледа централен темен регион каде што се наоѓа дупката, заокружена со светлината што доаѓа од супер-загреаниот гас забрзан од огромни гравитациски сили.

Голема е околу 60 милиони километри во ширина. За среќа, ова чудовиште е на далечина од околу 26.000 светлосни години од нас, така што нема можност да се најдеме во каква било опасност.

Ова е втора ваква слика која ја има направено „Евент Хорајзон“, откако во 2019 година објавија фотографија од џиновска Црна дупка во срцето на друга Галаксија наречена Месиер 87(М87). Таа беше 1.000 пати поголема од нашето Сонце и со 6,5 милијарди пати поголема маса.

„Оваа фотографија е посебна бидејќи е нашата супермасивна Црна дупка“, вели за Би-Би-Си професорот Хејно Фалке, еден од пионерите зад проектот на „Евент Хорајзон“.

АУДИО | НАСА: Еве како звучи црна дупка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот