АУДИО | НАСА: Еве како звучи црна дупка

црна дупка ајнштајн
ФОТО: Принтскрин/Јутјуб

Црната дупка е точка во вселената каде што гравитацијата е толку интензивна, што дури ни светлината не може да избега од неа. Црните дупки се формираат кога ѕвезда станува супернова, исфрлајќи огромни количества материја во вселената додека се преклопува или колабира врз себе.

Американската вселенска агенција НАСА објави аудиоснимка од црна дупка, со помош на брановите што ги испраќа црна дупка која се наоѓа во галактичкото јато Персеј. Звукот е адаптиран за да може да се слушне со човечко уво.

„Заблуда е дека нема звук во вселената, со оглед на тоа што поголемиот дел од вселената е вакуум, па звукот нема медиум за проширување, но галактичките јата се полни со гасови кои стигнуваат до стотици, дури и илјадници галаксии и на тој начин претставуваат медиум за звучните бранови“, напиша НАСА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот