ФОТО I Убава приказна: Алек го доби најубавиот роденденски подарок, топка со потписите на фудбалерите на Вардар

Фудбалерите на Вардар до крајот на сезоната ги очекува борба за опстанок во Првата фудбалска лига, но притоа го покажаа дека мислат на своите фанови, посебно оние најмалите.
Поради тешката финансиска состојба во која се наоѓа најтрофејниот фудбалски клуб откако Сергеј Самсоненко се откажа од финансирање на клубот, верните навивачи „Комитите“ организираа акција „Купи билет за спас на Вардар “ и во неа еден од хероите е малиот осумгодишен Алек.
Имено, Алек и неговите родители наместо роденденска торта и подароци, купија 47 билети во акцијата „Купи билет за спас на Вардар“.


– Често одам да ги гледам натпреварите на Вардар, и заедно со Алекс сме биле на неколку натпревар, но сега поради пандемијата на коронавирусот не сме во можност повторно да одиме на стадион. За неговиот осми роденден, Алек не сакаше торта и подароци туку имаше сосема поинаква желба која нас како родители пријатно не изненади. Тој сакаше да го спаси Вардар бидејќи во тоа време се одржуваше акцијата „Купи билет за спас на Вардар“ и ние купивме 47 билети. Ние како родители сме пресреќни што му ја исполнивме големата желба – вели таткото Дејан.

Големиот гест од малиот навивач на Вардар ги воодушеви фудбалерите, но и „Комитите“  кои се погрижија Алек да го добие најубавиот роденденски подарок, фудбалска топка со потписи на сите фудбалери на „црвено-црните“.
Алек и неговиот татко беа специјални гости на еден од последните тренинзи на Вардар пред утрешниот натпревар против Силекс кога осумгодишниот навивач се дружеше со фудбалерите и тренерот Никола Илиевски Џиџи кој оздраве од коронавирусот по што ја доби топката со потписи од сите фудбалери.

Алек беше најсреќен беше од аплаузот кој  го доби од фудбалерите. Фудбалерите го прекинаа тренингот за да го поздрават и да позборуваат со него. Пресреќни сме што Алек беше воодушевен од изненадувањето, бидејќи доби преубав роденденски подарок – објаснува таткото Дејан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот