ФОТО | Хејли Бибер: „Се вратив на многу мрачни сеќавања“, откако откри што се случувало со нејзиниот сопруг, поп ѕвездата, Џастин Бибер

Џастин и Хејли Бибер
Џастин и Хејли Бибер

Хејли Бибер јавно прозборе за зависностите на нејзиниот сопруг Џастин и како му помагала во текот на одвикнувањето од пороците, пишува „Buzzfeed“

Поп ѕвездата Џастин Бибер (27) откри минатата година дека се „потпирал“ на дрогите како можност за бегство од неговиот интензивен живот под рефлекторите и камерите.

Неодамна и неговата сопруга Хејли за првпат се огласи и призна дека биле пред развод, а откри и уште нешто, а тоа е дека му помагала на пејачот да се одвикне од зависноста, но и дека сето тоа било  психички ужасно тешко за неа.

Манекенката во подкастот „Voices“ на брендот на Викторијас Сикрет изјави дека за неа тоа било „екстремно лош период“ кој и оживеал лоши спомени од нејзиниот татко Стивен Болдвин, кој исто така се бореше своевремено со многу пороци.

Хејли призна дека и во нејзината фамилија има историја на зависници

„Не беше само татко ми тој со проблемите, многу луѓе од моето семејство се бореа со различни нешта. Татко ми секогаш беше отворен за зависностите, и тоа го ценев. Со него сум блиска отсекогаш и често искрено ми зборуваше како успева да остане трезен, чист од дрога и како изгледа да си под дејство на наркотици“ – изјави таа.

Хејли изјави дека за неа било ужасно тешко да се навраќа на тој период од животот, затоа што морала да се соочува со зависноста на нејзиниот избраник.

 

Го прашувала Џастин прашања од типот „Во која фаза си со сето ова?“.

„Некогаш бев многу нервозна кога го испрашував Џастин. Сепак тој има свест за сето тоа и беше отворен во врска со зависноста. Тоа ми е доволно“ – изјави таа.

Џастин своевремено призна дека првпат пробал марихуана на 13 годишна возраст, откако стана славен благодарение на видеото на Youtube. Стана зависник од марихуана, а потоа почна да комбинира и таблетки и печурки.

„Бев млад. Кога сте цело време под притисок на јавноста, имате чувство дека сте вознемирени цело време и дека тоа станува дел од вашиот живот постојано. Едноставно, морав да побегнам некако од тоа чувство“ – изјави искрено Џастин.

ФОТО: Хејли Бибер, мета на критики поради лошиот избор на фустан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот