ФОТО | Емотивни зборови, песна и многу љубов: Еве како познатите Македонци ѝ го честитаа 8 Септември на Македонија
Македонија вчера го одбележа 8 Септември – Денот на независноста, по тој повод голем број познати личности од јавниот живот ѝ го честитаа овој голем ден на Македонија. Имено, на своите профили на социјалните мрежи, меѓу кои најмногу на Инстаграм, јавните личности од областа на музиката, спортот и медиумите споделија фотографии, статуси и пораки исполнети со љубов кон татковината.
Препорачано
Дел од нив објавија фотографии со државното знаме, други споделија емотивни песни и стихови посветени на Македонија, а ги имаше и оние кои со неколку зборови потсетија на значењето на независноста и слободата.
Честитките на познатите личности веднаш наидоа на бројни реакции од следбениците, кои со лајкови и коментари им се придружија во одбележувањето на овој значаен датум.










ж








И оваа година, социјалните мрежи уште еднаш се покажаа како место на заедништво, гордост и љубов кон Македонија.


