ФОТО: Џенифер Лопез и Бен Афлек уживаат во забавен парк со нивните деца

џенифер лопез бен афлек

Во петокот Џенифер Лопез и Бен Афлек биле забележани со своите деца на излет во „Universal Studios“ во Холивуд. Парот заедно со близнаците на Џеј Ло, Макс и Еме и синот на Бен, Самуел, биле на семејно патување во забавниот парк за време на викендот по повод прославата на четврти јули, според фотографиите објавени од страна на „PageSix“.

Џенифер го покажала тонираниот стомак во бела исечена маичка, носејќи кремасти панталони и бели патики. Изгледот го надополнила со очила за сонце во розова боја и розова торба, а нејзината долга коса била стилизирана во широки бранови. 48-годишниот Бен пак, се одлучил за удобен изглед, со црни фармерки, бела маица, сив дуксер, сиви патики и очила за сонце.

9-годишниот син на Бен, Самуел, одговарал на стилот на неговиот татко во црни панталони, сива маичка со црно-бели патики. Макс кој има 13 години, носел сиви панталони со преголема црна маичка, капа во истата боја и „Најк“ патики, додека 13-годишната Еме, носела фармерки, маичка, бели патики и преголема кошула со копчиња.

Тинејџерите се движеле пред својата мајка, додека Сем останал близу до неговиот татко додека шетале низ паркот во областа посветена на „Симпсонови“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Max and Emme 🤍 (@jlostwins22)

„Бен го знае патот до детското срце. Тој очигледно ја освои Џенифер, но сега ги шармираше и нејзините деца. Не му требаше многу време“, изјавил инсајдер ексклузивно за „Intouch“ за поврзаноста на ѕвездата со децата на Џенифер. „Еме и Макс навистина го сакаат новото момче на нивната мајка“.

„Бен се поврза со Еме поради нејзината смисла за хумор и нејзината љубов кон музиката. Таа беше изненадена и импресионирана што тој знае која е Били Ајлиш “, додал изворот. Што се однесува до Макс, „беше лесно да се спријателат“, продолжил изворот. Бен и Макс „разговараа за автомобили и Бетмен“.

Бен е татко на три деца. Тој со поранешната сопруга Џенифер Гарнерој го дели Сем, како и ќерките Серафина (12) и Виолет (15).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот