Фото: Профимедиа

ФОТО | Цел свет зборува за новата јакна на Адријана Лима, а ја дизајнираше Србинка

Супермоделот Адријана Лима, една од најубавите жени на светот, се појави на фудбалски натпревар во специјално издание. Лима носела дрес со своето презиме, а врз него носела „бомбер“ јакна од брендот „Батаковиќ Белград“.

Имено, Адријана во Париз го следела натпреварот помеѓу Пари Сен Жермен и Марсеј. Како глобален амбасадор на ФИФА и голем љубител на фудбалот, таа го следела натпреварот како страсен навивач, а на стадионот пристигнала без шминка и во спортска облека.

Фото: DPTIG / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Јакната што ја носела Адријана е изработена од 90 отсто волна и 10 отсто кашмир и е внимателно дизајнирана да го задоволи динамичниот начин на живот на модерните жени. Преголемата јака и џебовите се дизајнирани да создадат впечатлива силуета, додека врвната ткаенина обезбедува совршено чувство на топлина и удобност.

Фото: DPTIG / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Зад овој бренд стои поранешниот топ модел Ива Батаковиќ, која своето долгогодишно модно искуство го втемелила во идентитетот на својот бренд, користејќи ги најдобрите материјали и форми уште од самиот почеток во желба да ја претстави модерната жена на поинаков начин.

– Нашата визија е да ги поддржиме жените преку нивната гардероба да станат свесни за своите квалитети, на прво место храброста, самодовербата, чувството дека се облекуваат за себе, а не за другите. Во соработка со материјалите на „Лоро Пијана“, одлучивме нашите модели да ги направиме уште побезвременски. Тоа е квалитет кој ниту еден моден тренд не може да го промени, кој останува вечен и актуелен низ времето, без разлика колку се менува актуелната мода. Главната карактеристика на брендот „Батаковиќ Белград“ е самодовербата со која сакаме да зрачат сите жени – порачала претходно Ива Батаковиќ.

Брендот „Батаковиќ Белград“, чии модели се и елегантни и лежерни, стекна многу симпатии на светската модна сцена. Внимателно избраниот меѓународен тим на соработници води сметка за тоа брендот да ги има сите атрибути на врвен светски бренд, а очигледно е дека тоа го ценат врвните имиња од модниот свет.

ФОТО | Адријана Лима облечена во дрес на ПСЖ и без шминка го бодреше својот омилен фудбалски тим

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот