ФОТО | Боки-13 со емотивна објава за Марина Туцаковиќ: Жалам и се каам што не те послушав за еден човек…

боки-13
Бојан Јовановски и Марина Туцаковиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Бојан Јовановски попознат како Боки-13 иако е „заплеткан“ во комплицирани судски процеси кои траат веќе неколку години и е во затвор, тој веќе некое време не е активен на социјалните мрежи, но, вчера на големо изненадување на многумина на неговиот инстаграм-профил се појави нова објава.

Имено, на неговиот официјален инстаграм-профил беше објавена фотографија на која е со покојната Марина Туцаковиќ, жената заслужна за бројни хитови на Балканот и негова долгогодишна пријателка и соработничка.

Туцаковиќ почина на 19 септември минатата година, а по повод шест месеци од нејзината смрт Боки преку овластен администратор покрај фотографијата сподели и емотивна порака велејќи дека покрај неговата мајка, Марина била единствената жена која го сакала онаков каков што е, а не онаков каков што сакале да биде.

Неговата објава ја пренесуваме во целост:

„Покрај мојата мајка, таа беше единствената жена која ме сакаше безрезервно, ме сакаше онаков каков што сум, а не онаков каков што сакале да бидам! Во безброј животни ситуации беше моја поддршка, пријател, другар, па на крај соработник кој ми пишуваше стихови за моите песни… Беше единствена вистинска поддршка на моето семејство и на мене лично откако бев притворен и затворен, за разлика од многуте лажни пријатели, кои биле само пријатели за да се најадат, напијат и да се офајдат, Марина, нејзниот син Лаца, нејзиниот сопруг Фута останаа единствено добро во ова зло!“, напиша тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boki 13 (@boki13official)

„Марина, денеска кога се набележуваат 6 месеци од твоето заминување од овој суров свет, полн со лаги, невистини и неправди, не можам да ја прежалам твојата смрт и не можам да прежалам што не можев да те испратам онака како што ти заслужуваше и што не можев да те видам и гушнам пред да заминеш, а ти знаеш колку јас и ти моја драга Зики (така си се викавме), сакавме да се гушкаме, да си споделиме наши тајни и секогаш ми даваше совети… Жалам и се каам што во 2010 година не те послушав, за еден човек за кој ми кажа дека најдобро ќе биде за мене да го тргнам од мојот живот, бидејќи само ќе ме искористи и емотивно и материјално и така бидна, баш како што ти велеше дека тој човек е како куче касапско, навикнато на месо, застанато пред касапница…“, продолжи Јовановски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boki 13 (@boki13official)

„Но, времето не се враќа назад, но затоа иднината ни дава шанса да ги поправиме грешките и исправено да продолжиме понатаму, оптимистично и одлучно па ќе биде онака како што ти секогаш кажуваше, „Сè ќе биде добро и ќе биде што ќе биде… Маринче моја, почивај во мир, ми фалиш до небото и назад, те сакам до небото и назад и чувај ме горе од небото од овие олоши и зло на земјата. Со љубов, твој Бокица“, пишува во објавата на официјалниот инстаграм-профил на Бојан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот