Фон дер Лајен се извини: ЕУ денеска се мобилизира за Италија, но тоа не беше секогаш случај

Урсула Фон дер Лајен/ Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и се извини на Италија поради задоцнетата реакција на Европската Унија за здравствената криза, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Ви се извинувам, од сѐ срце сме со вас, напиша Фон дер Лајен во отворено писмо објавено денеска во италијанските медиуми.

Таа додава дека „денеска ЕУ се мобилизира за Италија, но тоа не беше секогаш случај”.

Шефовите на држави и влади на ЕУ на минатонеделниот самит не успеаја да постигнат компромис за обединет и силен одговор пред социјалната и економската криза, која ќе произлезе од здравствената. Европските лидери се поделија на јужните земји, заедно со Франција, кои бараат таканаречени европски „коронаобврзници” за да им се помогне на најпогодените земји, и од друга страна северните земји, заедно со Холандија и Германија кои се против.

– Треба да признаеме дека на почетокот на кризата, пред потребата од заеднички европски одговор, многумина мислеа само на своите национални проблеми, напиша Фон дер Лајен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот