Фон дер Лајен: Бугарија да помогне за реализација на ветувањето од 2020 година за страт на преговрите со Скопје и Тирана

Урсула фон дер Лајен/ Фото EPA-EFE/RONALD WITTEK

Европскиот совет уште во 2020 година донесе одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија и со Албанија, изјави денеска во Софија претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Кирил Петков. Taa побара Бугарија да помогне за реализирање на таа одлука.

Фон дер Лајен истакна дека правата на малцинствата се во основата на европските договори и вредности и дека заштитата на малцинските права е основна вредност и тие се во фокусот на вниманието.

Таа нагласи дека е важно ЕУ да го исполни своето ветување во овие тешки времиња кон своите соседи. Според неа, времињата се многу бурни и тие ќе ја одредат иднината на Европа.

Претседателката на ЕУ рече дека ништо нема да е исто како што било пред војната во Украина. На крајот таа повтори дека треба да се исполни ветувањето кон партнерите од 2020 година и оти смета на Бугарија дека вешто ќе го води процесот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот