Фокс њуз: Синот на основачот на Хамас се сврте против сопствената крв кога виде терор од прва рака

Мусаб Хасан Јосуф

Синот на основачот на Хамас, шеикот Хасан Јусеф се огласи откако ја осуди терористичката група, се сврте против неговото семејство и премина во Христијани, откако од прва рака беше сведок на теророт на групата.

Мусаб Хасан Јусеф, кој шпионираше за Израел и побара азил во САД, зборуваше за својата одлука да го остави живототво терор зад себе.

– Роден сум во срцето на раководството на Хамас… и ги познавам многу добро. Тие не се грижат за палестинскиот народ. Тие немаат грижа за човечкиот живот – изјави Јусеф за Фокс њуз во четвртокот, пренсува „Телеграф“.

Тој додаде дека бруталноста ја видел од прва рака во 1996 година кога поминал околу година и половина во затворот Мегидо.

-Тие убија толку многу Палестинци во тој момент, и тогаш решив дека не сакам повеќе да бидам дел од таа група. Морав да бидам искрен со себе, иако Хамас ми даваше предности. Бев како принц во тој свет, но не ми се допаѓаше тоа што го гледав – рече Јусеф.

Синот на лидерот на Хамас изјави дека се свртел дури и против сопствената крв, бидејќи не го сакал Хамас.

– Денес, 25 години подоцна, тие се владетели на Газа и гледаме што се способни да направат – додаде тој.
Тој зборуваше речиси две недели откако милитантите на Хамас ги масакрираа израелските заедници, убивајќи луѓе и земајќи заложници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот