ФК Шкендија ја поддржува идејата за ВАР систем во Првата македонска лига

фото: ФК Шкендија

Во есенскиот дел од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) голем број од клубовите изразија незадоволство од судиските одлуки во текот на натпреварите.

Во вторникот фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров упати критики за работата на Судиската организација на ФФМ и побара оставка од Марјан Ристески.

Фудбалската федерација на Македонија пред шест дена најави употреба на ВАР системот во Првата лига со цел да не се дозволи неправда во фудбалот, без разлика на цената.

Идејата за имплементирање на ВАР системот кој би помогнал во донесувањето на судиските одлуки ја поддржува фудбалскиот клуб Шкендија:

– ФК Шкендија ја изразува својата загриженост за големите пропусти во судиската област во домашниот фудбал и итно бара имплементација на ВАР системот. Овој чекор ќе обезбеди потранспарентно судење и ќе помогне да се спречат произволни грешки, со што ќе се зголеми веродостојноста и стандардот на играта. Веруваме дека ова ќе помогне да се подигне имиџот на фудбалот и ги замолуваме сите клубови да ни се придружат во оваа иницијатива за чиста и фер игра – соопштија од ФК Шкендија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот