Физичарите и натаму го проучуваат ремек-делото на Роберт Карлос! (ВИДЕО)

фото: инстаграм

Иако стануваше збор само за пријателски натпревар меѓу Франција и Бразил, истиот го одбележа еден историски момент.

На денешен ден пред 23 години на стадионот „Жерлан“ во Лион, беше постигнат еден од најславните голови во историјата на фудбалската игра. Тој ден, Франција и Бразил го одиграа првото коло од турнирот како загревање за Светското првенство во Франција следното лето.

На турнирот учествуваа четири репрезентации, самиот крем на светскиот фудбал – Франција, Бразил, Италија и Англија.

Иако стануваше збор само за пријателски натпревар, истиот го одбележа еден историски момент.

Во 21 минута слободен удар од 35 метри на бразилската легенда Роберто Карлос кој вообичаено земаше големи залети.

Пред себе го имаше „живиот ѕид“ и успеа да го направи невозможното, дури и голманот Фабиан Бартез не можеше да направи ништо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот