Филипини: Масовно се шири вирусот ХИВ, најголема причина за тоа апликациите за запознавање преку интернет

Во Филипините со огромна брзина се шири ХИВ вирусот, најбргу од каде било во светот, а како најголема причина за тоа се наведуваат апликациите за запознавање преку итернет.
 

Проценетата бројка на ново инфицирани во оваа нација во Југоисточна Азија е повеќе од двојно зголемена од 2013-та до 2018 година, достигнувајќи епидемски размери кај младите мажи, пренесува агенцијата за СИДА на Обединетите нации.

Повеќе од три четвртини од 67.395 лица на Филипините биле дијагностицирани како ХИВ позитивни во периодот од јануари 1984 година – кога првата инфекција се појави во земјата – до мај годинава.

Според Владата, околу 96% од луѓето дијагностицирани во текот на овој период од пет години заболеле од вирусот по сексуален пат. Повеќето од нив биле хомосексуалци или бисексуалци од 15 до 34 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот