Филипче: Во пораст бројката на новозаболени од ковид-19, намален бројот на хоспитализации
Епидемиолошката ситуација во државава бележи зголемување на новодијагностицираните случаи од ковид -19, почнувајќи од периодот некаде пред две недели. Анализите покажуваат дека процентот и дијагностицирани случаи од минатата недела, во однос на оваа се зголемува за некаде 25 проценти, рече на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Препорачано
-Расте и R0 факторот на преносливот од близу единица 1,05 сега на 1,14 што е јасен индикатор дека ќе има промена на релативно стабилната епидемиолошка ситуација што ја имавме во претходниот период. Во однос на инциденцата последните 2 недели, според анализата на Институот за јавно здравје таа е зголемена за 28,5 во вкупно 35 градови, а во други 7 е непроменета или има одредено намалување. Ваквиот развој е очекуван со оглед на тоа што во соседните земји има огромен раст на новозаболени и силен удар кон болниците со оглед на тоа што голем дел од случаите бараат хоспитализација. Таква е ситуацијата во Бугарија со по 5.000 новодијагностицирани во текот на вчерашниот ден со 150 починати. Во Грција 8.600 нови случаи со над 50 починати, Србија 5000 заболени и 60 починати.
Според министерот зголемен е и процентот на хоспитализации во земјава за 15 проценти минатата недела во однос на претходната. Хоспитализирани се 518 пациенти после еден прилично долг период кога беа хоспитализирани од 460 до 470 пациенти на територијата на целата држава.
Во овој период, според Филипче, добро е што нема зголемен број на прегледи на инфективните клиники туку само по 60-70 дневно.
Според него, тоа што е важно процентот на хоспитализирани ако се споредат претходните бранови е намален. Сега е 6, 4 проценти од 8.000 активни случаи.
– До крајот на оваа недела ќе заврши постапката за секвенционирање на вирусот за да видиме каква мутација на вирусот сега е доминантна. Во однос на вакцинацијата до сега се аплицирани 1,6 милиони дози вакцини против ковид-19, додаде Филипче.


