Филипче: Предложените мерки се имитација на „полициски час“, по 23 часот ништо нема да работи

Министерот за здравство Венко Филипче / Скопје, октомври 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска истакна дека е против воведување на „полициски час“ и измените на Законот за заштита на населението од заразни болести кои утре ќе се најдат пред пратениците, се во насока на избегнување на таа мерка. Но, со самото тоа што по 23 часот ништо нема да работи во државата, е практично имитирање на „полициски час“, вели министерот Филипче.

– Верувам дека утре Законот ќе се донесе во Парламентот со цел да избегнеме „полициски час“. И тоа се мерки кои практично имитираат „полициски час“. По 23 часот ништо нема да работи и граѓаните нема кај да одат. Сега и времето не е убаво, па би требало сите да седат дома, вели Филипче.

ВИДЕО | Д-р Караџовски: Здравствениот систем функционира, тестови има, лаборанти има, работиме по 16 часа

Тој апелира да се излегува само ако навистина некој има потреба.

– Целта е да се избегне групирањето. Целата е да се носат маски. Сметам дека во овој период „полициски час“ не е решение. Доволно е да се почитуваат мерките за заштита и оние мерки кои утре ќе бидат изгласани во Парламентот. Генерално препораката е да се избегнува воведување на „полициски час“. И на состанокот кој го имавме преку Берлинскиот процес со сите земји во регионот, беше порачано да нема такво ограничување. А пакет на мерки кои можат да имитираат полициски час, се речиси секаде во сила, нагласи Филипче.

ВИДЕО | Д-р Kараџовски револтиран: Ние не сме мафијаши, не дозволувам влакно да и фали на Комисијата, чисти сме како солза!

ВИДЕО | Филипче: Се соочуваме со силен бран на вирусот, ќе се прават 350 повеќе тестирања во текот на денот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот