Фејсбук трајно забрани профили на влијателни личности кои шират говор на омраза

Американската компанија Фејсбук трајно укина профили на својата мрежа и на Инстаграм на неколку екстремни личности и организации со ултрадесничарски ставови, јави ДПА.

Меѓу луѓето што се забранети на Фејсбук и Инстаграм се конспиративниот теоретичар Алекс Џоунс, основач на сајтот „ИнфоВорс” (Infowars), лидерот на организацијата „Нација на исламот” Луис Фарахан, познат по неговите антисемитски и хомофобични ставови, и ултрадесничарскиот коментатор Мајло Јанопулос. Џонс и ИнфоВорс беа забранети на Фејсбук во август, но до сега останаа на Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук.

Во пишана изјава до ДПА Фејсбук информира дека поединците и групите се забранети во рамките на политиката на компанијата против „опасни поединци и организации”.

– Отсекогаш сме забранувале поединци или организации кои промовираат или поттикнуваат насилство и омраза, без оглед на нивната идеологија – се додава во изјавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот