Фејсбук предупреди на можно повлекување од Европа

Американскиот Фејсбук предупреди дека може да се повлече од Европа доколку ирскиот комесар за заштита на податоци спроведе забрана за размена на податоци со САД.

Ирскиот комесар најави можност за донесување на таква одлука откако Европскиот суд на правдата во јули пресуди дека нема доволно заштита од пристап на американските разузнавачки агенции до податоците на Фејсбук.

Главниот соработник на Фејсбук во судското досие во Даблин напиша дека спроведувањето на забраната ќе ја направи компанијата нефункционална, пренесува британски „Гардијан”.

– Во случај Фејсбук да биде предмет на целосна суспензија на преносот на кориснички податоци кон САД, не е јасно како може да продолжи да обезбедува услуги на Инстаграм во ЕУ во овие околности, изјави портпаролот на Фејсбук, Ивон Канан.

Таа истакна дека Фејсбук не се заканува со повлекување од Европа, туку едноставно изразува мислења засновани на реалната состојба.

– Правните документи доставени до Високиот суд во Ирска покажуваат само јасна реалност дека Фејсбук и многу други компании, организации и даватели на услуги се потпираат на трансфер на податоци меѓу ЕУ и САД, рече Канан.

Фејсбук и Инстаграм поради прописите ќе ја напуштат Европа?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот