Фејсбук и Инстаграм поради прописите ќе ја напуштат Европа?
Фејсбук предупреди дека би можел да се повлече од Европа ако ирскиот комесар за заштита на податоците спроведе забрана за размена на податоци со САД, откако во јули е утврдено дека американската разузнавачка агенција имала недоволни заштитни мерки.
Главниот соработник на Фејсбук напиша во судските списи во Даблин, дека спроведувањето на забраната, компанијата би ја оставила неспособна за работа.
„Во случај Фејсбук да подлежи на целосно запирање на преносот на податоците на корисниците во САД, не е јасно како, во тие околности, би можело да продолжи да ги пружа услугите на Инстаграм во ЕУ“, вели пиарот на Фејсбук Ивон Канан, и додава дека Фејсбук ги негира заканите со повлекување од Европа.
„Фејсбук не се заканува со повлекување од Европа. Правните документи поднесени до ирскиот Висок суд покажуваат само јасна реалност за тоа дека Фејсбук и многу други компании, организации и даватели на услуги, се потпираат на пренос на податоци меѓу ЕУ и САД за да функционира нивната работа“.
„Недостатокот на безбеден и легален меѓународен трансфер на податоци ќе и наштети на економијата и ќе го попречи растот на компаниите заснован податоци во ЕУ“, се додава во соопштението.
Мек Шремс, австриски адвокат, започна да поднесува жалби за приватност кај ирскиот комесар за заштита на податоците, кој го регулира Фејсбук во ЕУ од 2011 година.
Тие поплаки земаа замав две години подоцна, кога Гардијан ја откри програмата Призма на НСА, огромна операција за надзор што вклучува директен пристап до системите на Гугл, Фејсбук, Епл и други американски интернет компании. Шремс поднесе нова жалба за приватност, која на крајот беше упатена до Европскиот суд на правдата.
Во 2015 година, тој суд утврди дека, поради постоењето на Призма, договорот „Безбедно пристаниште“, кој им овозможи на американските компании да ги „вратат“ податоците на граѓаните на ЕУ, е неважечки.
ЕУ потоа испроба друг правен договор за пренос на податоци, т.н. штит за приватност но и тоа беше поништено во јули оваа година, со нова одлука на судот дека САД не го ограничуваат надзорот над граѓаните на ЕУ.
Во септември, ирскиот комесар за заштита на податоците го започна процесот за извршување на пресудата. Комесарот издаде прелиминарна наредба за принудување на социјалната мрежа да го прекине преносот на податоци во странство.
Како одговор, Ник Клег, шеф на компанија за глобална трговија и комуникации, објави дека „меѓународниот пренос на податоци ја поддржува глобалната економија и поддржува многу услуги што се клучни за нашето секојдневие“.
– Во најлош случај, тоа може да значи дека мал технолошки старт-ап во Германија веќе нема да може да користи американски снабдувач – напиша Клег.
– Шпанска компанија за развој на производи веќе не можеда ја спроведува операцијата во повеќе временски зони. Францускиот продавач повеќе не може да одржува кол – центар во Мароко, вели Клег, додавајќи: „Ние ги поддржуваме глобалните правила што можат да обезбедат доследен третман на податоците ширум светот“.