ФБИ држи десет црногорци на брод со 16 тони кокаин - Слободен печат

ФБИ држи десет црногорци на брод со 16 тони кокаин

Агенти на американскoто Федерално истражно биро (ФБИ) го ограничиле движењето на десет црногорски граѓани што се наоѓаат на брод во Филаделфија, на кој се запленети 16 тони кокаин, по што покрај четворицата уапсени, забрана за напуштање на бродот добиле и останатите морнари од Црна Гора.

Црногорскиот портал cdm.me известува дека на некои од нив, според информациите од весникот „Дан“, им било дозволено да контактираат со семејствата. ФБИ во овој момент не ги товари за шверц на 16-те тони кокаин, но тие се испрашувани во рамки на истрагата и од нив се земени ДНК примероци, а нивниот статус ќе биде познат по вештачењето на дрогата.

Весникот „Дан“ имал увид во документ на ФБИ каде се тврди дека од членовите на екипажот најголем дел се црногорски државјани. Покрај капетанот на бродот Дарко Рогановиќ, испитувани се и четири лица од Котор и едно од Никшиќ.

Прочитајте и...  Казна за полицајците кои употребувале прекумрена сила на протестите против Путин

Според информациите на весникот, тие се уште не се осомничени, но уапсени се четворица други морнари, тројца од Котор и еден од Будва, на возраст од 25 до 39 години. Сите тие се членови на екипажот на бродот MSC Gajan, во сопственост на швајцарска компанија, каде беа пронајдени десетици пакети со кокаин.

Прочитај повеќе

Шахин: До крајот на месецот ќе биде потпишан Мировниот договор помеѓу талибанците и САД

Слободен печат

Најпрометниот европски аеродром „Хотроу“ се соочува со потешкотии

Слободен печат

Белгија нема да ги екстрадира европратениците Пуџдемон и Комин во Шпанија

Слободен печат

Излекуваните од коронавирус да донираат крв, повикуваат здравствените работници

Слободен печат

Зекири: Не смееме да се јавуваме по судии и да бараме услуга

Слободен печат

Основачот на „Амазон“ ќе донира 10 милијарди долари за борба против климатските промени

Слободен печат

Остави Коментар

оне + 3 =

Прочитај повеќе

ЕДИ РАМА НЕ МОЖЕ ДА ЈА СОКРИЕ РАДОСТА: За Албанија собрани 1,15 милијарди евра

Слободен печат

ЕУ и додели на Албанија 100 милиони евра, Велика Британија милион фунти, а Шведска 5,6 милиони евра

Слободен печат

Николовски: Објавените докази од ПИ Мерките за „Рекет” доказ за вмешаност на власта

Слободен печат

ЗАСТРАШУВАЧКИ ПРОЦЕНКИ НА ОН: Половина милион луѓе во Лесото ќе гладуваат поради сушата

Слободен печат

КАМИОН ЛАДИЛНИК со 15 мигранти откриен на бугарска граница, уапсени двајца Грци

Слободен печат

Два авиони за евакуација слетаа во Калифорнија, 14 лица позитивни на коронавирус

Слободен печат