Фаучи: Прераното отворање на американската економија може да доведе до појава на нови жаришта

Директорот на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести Ентони Фаучи денеска треба да сведочи пред американскиот Сенат при што ќе предупреди на ризиците од прерано повторно отворање на економијата, велејќи дека тоа може да доведе до „непотребни страдања и смрт”, пишува „Њујорк Тајмс”.

– Ако ги прескокнеме контролните точки од насоките на „Отворете ја Америка повторно”, тогаш ризикуваме опасност од појава на повеќе жаришта низ целата земја, пишува весникот цитирајќи и-меил на Фаучи.

– Ова не само што ќе резултира со непотребни страдања и смрт, туку всушност ќе нè врати назад во нашите напори да се вратиме во нормала, вели тој.

Опасноста од обидот земјата предвреме да се отвори е главната порака што Фаучи сака да ја пренесе до Комитетот за здравство, образование, труд и пензии на Сенатот на денешниот состанок, пишува „Њујорк Тајмс”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот