ЕВРОСОНГ 2019: Претставничката на Кипар родила дете на 14 години

принтскрин/Instagram

Вечерва во 21 часот почнува првата полуфинална евровизиска вечер, а меѓу 17-те натпреварувачи кои настапуваат е и претставничката на Кипар, Тамта (38). Таа ќе ја пее песната „Replay“.

Тамта е родена и пораснала во Грузија, а на 14 години запознала 16-годишно момче за кое се омажила. Набрзо ја родила ќеркичката Ани, а се развела по 6 години брак. Во една прилика изјавила дека ќерката секогаш ќе ѝ биде на прво место.

„Ме прави горда. Првенствено сум мајка, а потоа сè останато. Мајка ми многу ми помогна околу Ани. Да не беше таа, немаше да успеам во сè.“, раскажала печајчката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот