Европски лидери ја убедуваат Меркел да седне на претседателската фотелја на Европскиот совет

Ангела Меркел / Фото: EPA-EFE/AIDAN CRAWLEY

Неколку европски лидери се обидуваа да ја убедат германската канцеларка Ангела Меркел, на самитот во Романија на 9 мај, да ја прифати позицијата претседател на Европскиот совет, но таа одби, пишува „Блумберг“.

Некои од тие шефови на држави или влади изразиле надеж дека таа, сепак, ќе се предомисли.

Меркел е одлучна, како што се наведува, да го заврши канцеларискиот мандат, кој и истекува во 2021 година.

Лидерите на ЕУ ќе се соберат во Брисел на 28 мај за да ги почнат разговорите за кадровските решенија за клучните позиции во ЕУ, вклучувајќи го и местото претседател на Европскиот совет, Европската комисија и Европската централна банка.

Формалната одлука за овие позиции треба да биде донесена на самит на 20 и 21 јуни.

Европскиот парламент, кој треба да ја одобри одлуката за тоа кој ќе биде на чело во ЕК, претходно најави дека само тие кои се формално номинирани како водечки кандидати на политички партии на изборите, може да се номинираат за оваа позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот