Европол: Онлајн злоставувањето на децата во пораст поради карантинот

Директорката рече дека истражителите на Европол пресретнувале криминалци кои полесно им приоѓале на децата разговарајќи со нив на „темната мрежа” (dark web), дел од Интернет кој е достапен само со специфичен софтвер или овластување. 

Онлајн злоставувањето на деца во ЕУ порасна во текот на пандемијата од ковид-19, рече денеска шефицата на Европол, предупредувајќи дека уште повеќе случаи би можеле да искрснат кога училиштата повторно ќе се отворат и учителите ќе добијат увид во состојбата.

Кибер криминалот порасна во текот на епидемијата, додека луѓето се принудени да работат од дома и да купуваат онлајн.

„Она што загрижува е порастот на онлајн активностите на оние кои бараат детска порнографија“, рече директорката на Европол Катрин Де Бол во текот на заседанието во ЕУ парламентот.

Де Дол, поранешната шефица на белгиската полиција, рече дека е пријавен пораст на педофилски активности од страна на националните тела за спроведување на закони од 27 земји членки на ЕУ во кои е забележан пораст на пристапот кон илегални страници, но и гасење на повеќе онлајн платформи за размена на детска порнографија.

Директорката рече дека истражителите на Европол пресретнувале криминалци кои полесно им приоѓале на децата разговарајќи со нив на „темната мрежа” (dark web), дел од Интернет кој е достапен само со специфичен софтвер или овластување.

Сексуалните престапници се обидуваат да ја експлатираат растечката изложеност на децата на интернет, додека во текот на пандемијата се свртени кој онлајн училиштата, понекогаш преку платформи кои не се адекватно обезбедени, рече Де Бол.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот