Европол: На пазарот излегоа лажни средства за заштита од корона

Германски „Шпигел“ пишува дека германските власти веќе регистрирале пораст на кривични дела од вакви измами.

Германскиот весник „Шпигел“ објави итерен полициски документ на Европол во кој се предупредуваат земјите членки дека криминалци им нудат на државните институции и болници фалсификувани тестотви за Ковид-19, целосно несигурни и неупотребливи заштитини маски и дезинфекциски средства.

Според весникот, германските власти веќе регистрирале пораст на кривични дела од такви измами.

Европол наведува дека такви измами ќе има и откако ќе биде пронајдена вакцина против новиот коронавирус.

– Тоа сигурно ќе предизвика бран на понуди од лажни вакцини, се наведува во документот на Европол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот