Европа станува „електрична“: 100 милијарди евра за електрични автомобили и исфрлање на Кина „од игра“
Дваесет милијарди евра ќе бидат наменети за субвенции за набавка на електрични возила, а останатите ќе бидат искористени за истражување и развој.
Европската унија, планира многу посериозни инвестиции во електрични автомобили отколку порано. Се подготвув нова стратегија, во која се споменува инвестирање до 100 милијарди евра во обновливи извори на енергија во автомобилската индустрија.
Препорачано
Сосема е логично да се претпостави дека најголемиот дел од тој буџет ќе се однесува на производство и продажба на електрични автомобили.
Со помали инвестиции, клучни артикли во однос на оваа стратегија се субвенции од 20 милијарди евра за набавка на електрични автомобили, додека преостанатите 40 до 60 милијарди евра се за различни видови истражувања, проширување на мрежата на станици за полнење батерии и слични проекти.
Европската алијанса за батерии, која беше лансирана од страна на Европската комисија на крајот на 2017 година, ќе биде надлежна за најважната инвестиција, чија цел е за две години да има еден милион вработени во секторот производство на батерии за електрични возила.
Со ова би требало да се намали влијанието на Кина во тој сегмент.


