ЕВРОЛИГА: Дебакл на Црвена звезда во Санкт Петербург

Кошаркарите на Црвена звезда го доживеаја 11. пораз во Евролигата оваа сезона и тоа најубедлив досега, поразени се од Зенит со 98:69.

Одлучувачки момент за убедливиот пораз беше првата чевртина која Зенит направи предност од 20 поени (30:12). Во убедливиот пораз на Црвена звезда удел имаше о очајната игра во одбраната како и големите осцилации во нападот.

Најефикасен играч во тимот на Зенит беше Кеј Си Риверс кој постигна 32 поени, Кевин Пангос даде 17, а Били Берон 12 поени додека во тимот на Црвена звезда Џони О’Брајант беше најпрецизен со 13 постигнати поени.
Со победата Зенит се искачи на петтото место на табелата со скор од девет победи и пет порази, додека српскиот тим има скор 5-11 и се наоѓа на 16. место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот