Еврокуп: Димитријевиќ со нова добра партија во Истанбул!

twitter.com/Penya1930

Во денешното осмо коло од кошаркарскиот Еврокуп во Турција екипата на Хувентуд Бадалона загуби од Дарушафака со 92:86 (21:19, 25:16, 19:19, 27:32).

Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ повторно беше еден од поефикасните во редовите на Хувентуд.

Овојпат нашиот играч за скоро 24 и пол минути игра на паркетот запиша 13 поени (2/5 од поле, 2/3 за три, 3/3 од слободните фрлања), додаде три скокови и седум асистенции.

Подобар од него беа само Клемен Препелич со 30 и Конор Морган со 14 поени. На спротивната страна 18 поени забележа Картал Озмизрак.

После осум одиграни кола во групата „Ц“ вода Дарушафака (5-3) и Уникс Казан (5-3), следуваат Хувентуд Бадалона (4-4) и Бреша (4-4), а на последните две позиции се Нантер (3-5) и Цедевита Олимпија (3-5).

Во наредниот меч шпанската екипа ќе игра против Уникс Казан на домашен терен на 11. декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот