Еве ти жолт картон, ајде сега и едно „селфи“! (ВИДЕО)

twitter.com/ce_sangenetto

– Тој е комплетен играч – беа зборовите на легендарниот Пеле за Кака после прогласувањето за најдобар светски фудбалер според ФИФА за 2007 година.

Десет години подоцна стави крај на професионалната фудбалска кариера во американската МЛС лига, но сеуште е активен на терените во натпревари од хуманитарен карактер.

https://twitter.com/FootbaII_HQ/status/1189293433539780608

Токму во еден хуманитарен меч се случи еден интересен момент помеѓу репрезентациите на Бразил и Израел. Дуелот заврши со триумф на Бразил со 4:2, стрелци на головите за „кариоките“ беа Бебето, Роналдињо, Кака и Аморосо.

Без никаква причина судијката го прекина дуелот и му додели жолт картон, а потоа и побара од него да направат заедничка слика, т.е. селфи со нејзиниот мобилен телефон.

Најверојатно судијката немаше да има подобра можност да направи „селфи“ со поранешниот најдобар играч на планетата кој своевремено ги бранеше боите на Милан и Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот