„Еуроњуз”: САД бара да се блокира влезот на Косово во Советот на Европа, се додека не го промени ставот за ЗСО

Фото: Косово онлајн

Српската редакција на „Еуроњуз” денеска објави дека САД апелирале одредени земји-членки на Советот на Европа (СЕ) да спречат влез на Косово во СЕ, сè додека Приштина не го смени ставот за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО).

„Еуроњуз” повикувајќи се на дипломатски извори објави дека министерствата за надворешни работи на одредени европски земји членки на СЕ, добија нота од амбасадите на САД во која се наведува дека Вашингтон смета дека прашањето за пристапување на Косово во СЕ не треба да биде ставен на дневен ред на Комитетот на министри на Советот на Европа.

„Според нашите сознанија, САД бараат прашањето за членството на Косово во Советот на Европа да не биде ставено на дневен ред додека Косово не донесе поконструктивен став за ЗСО, што би го отворило патот за предлог на основен договор меѓу Белград и Приштина, посочува „Еуроњуз”.

Според медиумот таквиот став на САД е договорен со Италија, Франција и Германија.

Косовските власти во мај минатата година поднесоа барање за членство во Советот на Европа.

Шефицата на пратеничката група на движењето Самоопределување, Мимоза Кусари вчера изјави дека Владата на Косово не е во конфликт со САД во однос на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО).

„Владата на Република Косово не е во конфликт со САД и никогаш не била. Можеби имаме различни мислења во однос на процесот на дијалог и агендата“, изјави таа по седницата на Претседателството на Собранието на Косово.

Минатата недела пак косовскиот премиер Албин Курти изјави дека договорот за формирање Заедница на српски општини не може да има приоритет меѓу 33-те договори потпишани како дел од преговарачкиот процес во Брисел.

ВИДЕО | Курти: Договорот за формирање ЗСО нема приоритет пред другите договори

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот