ВИДЕО | Курти: Договорот за формирање ЗСО нема приоритет пред другите договори

Албин Курти
Албин Курти / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека договорот за формирање Заедница на српски општини не може да има приоритет меѓу 33-те договори потпишани како дел од преговарачкиот процес во Брисел, објавија косовските медиуми.

„Од една страна има 33 бриселски договори од последната деценија и нема договор кој има приоритет пред другите договори. Не постои хиерархија на овие договори.Потенцирам дека ниту еден од тие 33 договори не може да има хиерархиски приоритет, односно да се рангирани. И никогаш да не заборавиме дека во центарот на договорите треба да биде меѓусебното признавање, бидејќи само така ќе се постигне целосна нормализација на односите меѓу Косово и Србија“, рече Курти.

Дерек Шоле, советник во американскиот Стејт департмент, побара од премиерот Курти да го прифати предлогот на Европската унија за нормализација на односите меѓу Косово и Србија и да ги унапреди разговорите за формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово.

Ова барање вчера го повтори и портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс. Прајс изјави дека пораката на Соединетите Американски Држави до Косово е што поскоро да започне процесот на формирање Заедница на општини со српско мнозинство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот