33.8 C
Скопје

ЕУ и воведе санкции на Кина за кршење на човековите права против Ујгурите

Европската унија денеска воведе санкции против Кина поради кршење на човековите права против ујгурскиот народ, изјави извор на ЕУ за ДПА, а по договорот постигнат на средбата на шефовите на дипоматиите на Унијата.

Последен пат кога ЕУ воведе казнени мерки за Пекинг поради кршење на човековите права беше по масакрот на плоштадот Тјенанмен во 1989 година.

Имињата на лицата против кои ќе се спроведат мерките како што се замрзнување на имотот на ЕУ или забрани за патување треба да бидат наскоро официјално објавени.

Во последните неколку години, стотици Ујгури, Казахстанци и Хуи сведочеа за тоа дека биле задржани во логори за притвор, како дел од она што според набљудувачите е владина кампања за присилно асимилирање на етничките малцинства.

Кинеската влада вели дека камповите, во кои според проценките имало над еден милион луѓе од 2017 година, се всушност „центри за стручно образование” за искоренување на екстремизмот и тероризмот. 

Поврзани вести

МЖСПП: Концентрацијата на ПМ 10 честичките во текот на вчерашниот ден е надмината на речиси сите мерни места

Слободен печат

Булеварот „Цветан Димов” ќе се прошири на шест коловозни ленти, определени објекти ќе се урнат

Слободен печат

Колев за БГНЕС: МИА и МРТ користат говор на омраза насочена кон Бугарија

Андреја Ристески

Пукотница во Нови Сад: Ранет е маж, напаѓачот е уапсен

Слободен Печат

„Политико“: На сите им е преку глава од ставот на Бугарија, губи пријатели со голема брзина и го дестабилизира Западен Балкан

Слободен печат

Андов за Слободен печат: Промена на химната е предизборен маркетинг, и тоа не е приоритет

Дестан Јонузи

Остави Коментар