ЕСПН: Нејмар ги избра најдобрите пет фудбалери на светот! (ВИДЕО)

фото: твитер

Во овој „дрим-тим“ кој го сподели Бразилецот, се наоѓаат двајца негови поранешни колеги од Барселона, по еден играч на Манчестер јунајтед, ПСЖ и Реал.

Ѕвездата на ПСЖ, Нејмар ги избра најдобрите пет фудбалери на светот, овој интересен избор на Бразилецот можете да го погледнете на видео записот.

Нејмар не можеше да се избере самиот себе, ниту било кој од репрезентацијата на Бразил, а очекувано на првото место се наоѓа Лионел Меси.

Во овој „дрим-тим“ кој го сподели за „ЕСПН“, се наоѓаат двајца негови пораншени соиграчи од Барселона, по еден фудбалер на Манчестер јунајтед, ПСЖ и Реал Мадрид.

Освен најдобриот фудбалер на светот, во неговиот идеален тим се наоѓаат уште Луис Суарез, Пол Погба, Килијан Мбапе и Еден Азар.

Интересно е тоа што две од овие пет имиња се наоѓаат на листата желби на Реал, Погба и Мбапе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот