ЕСМ попладнево го исклучува од мрежата третиот блок во РЕК Битола

Рек Битола
Рек Битола/ Фото АД Електрани на Северна Македонија

Државната „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) информира дека Блок 3 во РЕК Битола попладнево ќе биде исклучен заради сервисни активности на опремата во постројката.

Санацијата треба да заврши до недела, велат од државната компанија.

-Интервенцијата се реализира во период кога временските услови и производствениот план на АД ЕСМ го дозволуваат тоа. Планирано е санацијата да заврши до недела, по што РЕК Битола ќе продолжи да работи со целиот свој капацитет, соопштуваат од ЕСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот