ЕРДОГАН ОГОРЧЕН од писмото на Трамп, му го вратил лично

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, лично му го вратил на американскиот претседател, Доналд Трамп, писмото во кое тој го повика да не се глупира, изјави Ердоган на прес-конференција со Трамп во Вашингтон, пренесува „Спутник“.

Ердоган призна дека бил огорчен од писмото. Меѓу другото, турскиот претседател бил изненаден што САД соработувале со курдскиот командант Мазлум Кобани, кого Трамп го споменал во писмото. Ердоган го нарече Кобани терорист и изјави дека тој е виновен за убивањето на стотина турски граѓани.

Трамп писмото му го испрати на Ердоган на 16 октомври, денот кога почнаа турските воени операции во Сирија. Во него го повика својот турски колега да не се глупира и да не го изневери остатокот од светот.

Подоцна беше соопштено дека Ердоган го игнорирал писмото на Трамп и дека го фрлил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот