Ердоган: Нема да застанеме додека Палестинците не ја вратат својата окупирана земја

Реџеп Таип Ердоган / Фото EPA-EFE/NECATI SAVAS

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека земјата прави интензивни напори да го зголеми притисокот врз Израел да ја спроведе резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за прекин на огнот во Појасот Газа.

„Вчера го испративме осмиот хуманитарен брод во Египет со 125.000 пакети со храна кои треба да бидат доставени во Газа. Правиме се што можеме, толку колку што ни дозволуваат средствата, за да не оставиме никого без потребните намирници“, истакна Ердоган

Тој посочи дека Турција ќе продолжи да им помага на Палестинците.

„Нема да застанеме додека Палестинците не ја вратат својата слобода, својата окупирана земја и својата независна држава со источен Ерусалим како главен град. Турција се обидува да го помине тестот во Газа, како што го помина тестот за Сирија, тестот за Сомалија, тестот за Карабах со успех“, рече Ердоган.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот