8 C
Скопје

Ердоган најави радикални реформи во економијата и судството

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во својот говор на провинцискиот конгрес на владејачката Партија на правдата и развојот преку видео врска од Истанбул, изјави дека нацијата треба да очекува „порадикални реформи” во економијата и судството.

– Кога ќе дојде вистинско време, ние ќе ја споделиме со нашата нација работата што ја направивме за да спроведеме многу порадикални реформи –  истакна Ердоган во својот говор.

Официјални претставници постојано повторуваа дека Турција одлучно ќе спроведе реформи, кои ќе ја направат иднината предвидлива за инвеститорите. Повторувајќи дека Турција ќе ги постигне своите цели за 2023 година под раководство на неговата влада, Ердоган нагласи дека и новите проекти ќе бидат ставени во пракса.

– Кризата со Ковид-19 ја покажа силата на нашата здравствена инфраструктура, земјотресите ја покажаа силата на нашата инфраструктура за катастрофи, а пандемиските мерки ја покажаа силата на нашата инфраструктура за производство, снабдување и образовна технологија – додаде турскиот претседател.

Прочитајте и...  „АстраЗенека“ ги продаде своите акции во „Модерна“: Доста им е од ковид-19, ќе произведуваат други лекови

Поврзани вести

Родителите на исчезнатите млади момчиња апелираат до Вучиќ да не објавува фотографии и снимки од монструозните убиства на кланот на Веља Невоља

Слободен печат

ВИДЕО | Забавата поради која Неделковски и Пандов завршија во полиција

Слободен печат

Маричиќ потврди дека Русковска е обвинителот со кој се сретнал во петокот

Слободен печат

Амбасадорот Коснет ја потврди поддршката на САД за ЕУ ​​во дијалогот Белград-Приштина

Слободен печат

САД на Јапонија и ги предаде таткото и синот кои му помогнаа на поранешниот претседател на „Нисан”, Карлос Госн да побегне во Либан

Слободен печат

Најмалку пет лица повредени во протестите во Багдад

Слободен печат

Остави Коментар