Ердоган најави акција на турската војска против Курдите

Турската војска ќе спроведе операција источно од реката Еуфрат, во северна Сирија, во подрачје контролирано од Курдската единица за заштита на народот, изјави турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и додаде дека САД и Русија се веќе запознаени со акцијата, пренесува Ројтерс.

Британската агенција наведува дека Турција полека го губи трпението со САД, кои имаа договор со Анкара за создавање безбедна зона во североисточна Сирија.

Откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата година објави дека американските сили ќе се повлечат од северна Сирија, САД и Турција склучија договор за создавање на безбедна зона во Сирија долж североисточната граница на земјата со Турција, а договорот предвидува дека во споменатата област повеќе нема да има членови на милицијата на Курдската единица за заштита на народот.

Полицијата беше главниот сојузник на САД во Сирија за време на американските операции против Исламската држава, додека Турција смета дека Курдската единица за заштита на народот е терористичка организација, пренесува Ројтерс.

Анкара го предупредуваше Вашингтон дека недоволно напредува во создавањето на безбедна зона и ги повика САД да ги затегнат односите со Курдите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот