Ердоган ќе разговара со Меркел Макрон и Џонсон за мигрантската криза

Планиранта средба на Ердоган со лидерите требаше да се одржи во Истанбул, но поради ширење на коронавирусот разговорот ќе се одвива телефонски

 Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ќе одржи телефонска конференција со лидерите на Германија, Франција и Велика Британија за проблемите меѓу Турција и ЕУ.

Десетици илјади мигранти се обидоа да влезат во Грција, што е членка на ЕУ, откако Турција соопшти дека нема да ги спречи мигрантите да влегуваат во Унијата, што е  дел од договорот со Брисел во 2016 година, во замена за помош од ЕУ.

Грција користеше солзавци и водени топови против мигрантите, а двете земји испратија безбедносни сили на границата.

Анкара ги обвини грчките сили дека нападнале четири мигранти на границата, но Атина остро ги негираше тврдењата.

Планиранта средба на Ердоган со лидерите требаше да се одржи во Истанбул, но поради ширење на коронавирусот разговорот ќе се одвива телефонски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот