Ердоган ќе ги отвори вратите за мигрантите доколку не добие поддршка од ЕУ – Слободен печат
ВестиПланета

Ердоган ќе ги отвори вратите за мигрантите доколку не добие поддршка од ЕУ

Турција сака да воспостави „безбедносна зона“ на североистокот на Сирија, каде вели дека до два милиони сириски бегалци може да се доселат, откако регионот се „исчисти од курдската милиција“.

Турција ќе биде приморана да ги отвори вратите кон Европа за сириските бегалци доколку Европската Унија не ѝ овозможи доволна поддршка, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој додаде дека Турција не може сама да го поднесе тој товар.

Турција сака да воспостави „безбедносна зона“ на североистокот на Сирија, каде вели дека до два милиони сириски бегалци може да се доселат, откако регионот се „исчисти од курдската милиција“. Анкара во повеќе наврати ја повикуваше ЕУ да ѝ помогне на Турција во прифаќањето на повеќе од 3,5 милиони бегалци, пренесува „Ројтерс“.

– Без разлика дали ќе добиеме поддршка или не, продолжуваме да им помагаме на гостите на кои сме им домаќини. Но, ако во тоа не успееме, тогаш ќе мораме да ги отвориме вратите – рече Ердоган на конференцијата за новинарите заедно со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close