Ердоган ја затвори славината и демонстрира моќ: Во време на големи горештини на милиони луѓе им се заканува жед и глад

Еуфрат е една од двете најважни реки во југозападна Азија. Од Турција тече преку Сирија до Ирак и се влива во Персискиот залив. Шеесет милиони луѓе зависат од Еуфрат, па реката често била предмет на судири.

Граѓанска војна, коронавирус, колапс на стопанството, глад – луѓето во Сирија страдаат, а набљудувачите велат дека им се заканува уште еден проблем: недостиг на вода. Виновник за ова последното е Турција.

Веќе неколку недели нивото на водата во Еуфрат е значително понизок од обично, соопшти Ширван Шадо, технички директор на браната „Тишрин“.

– Со меѓународен договор за реката Еуфрат е пропишано дека треба да добиваме 500 кубни метри вода во секунда, а моментално добиваме помалку од 200 кубни метри, вели тој.

Браната Тишрин е втора по големина во Сирија. Милиони луѓе користат електрична енергија произведена таму, обично околу 800 мегавати, а во моментов, според последните извештаи, добиваат само една четвртина од тоа количество. За многумина, реката Еуфрат е главниот извор на вода, која се користи за наводнување на „сириските житници“ на североистокот на земјата, каде што повеќето луѓе живеат од земјоделство и риболов.

Сега меѓутоа, на многумина им се заканува глас. Според зборовите на локален рибар, денеска нема што да се лови.

– Рекорден улов оваа година ми беше само 4 килограми риба, а минатата година 15, вели тој.

Нивното на водата во Еуфрат и Тигар никогаш побрзо не опаѓало, предупреди во јули Меѓународната организација за миграции. Топлотниот бран на Блискиот исток, со температури над 50 степени Целзиусови не може да го објасни непрекинато ниското ниво на водата во Еуфрат, пишува „Шпигел“.

Повеќе од 60 милиони луѓе зависат од Еуфрат

Причина за сегашниот недостиг на вода лежи во Турција, каде што извираат реките. Турскиот претседател Реџеп Таир Ердоган во рамки на проектот за југоисточна Анадолија подигна многу нови брани (и на Тигар исто така), поради кои во долните текови завладеа недостиг.

Еуфрат е една од двете најважни реки во југозападна Азија. Од Турција тече преку Сирија до Ирак и се влива во Персискиот залив. Шеесет милиони луѓе зависат од Еуфрат, па реката често била предмет на судири.

Во 1987 година меѓу Турција и Сирија е постигнат договор со кој се решени две најважни прашања: Анкара му вети на тогашниот претседател на Сирија Хафиз ал Асад дека Сирија од Еуфрат ќе добива 500 кубни метри вода во секунда, а Асад и вети на Турција дека ќе престане да ја помага Работничката партија на Курдистан (ПКК), најголемиот непријател на Анкара.

Пристапот води како средство за војување

Турската влада очигледно сака да ја искористи политичката криза во Сирија и Ирак за да ги изгради  што побрзо одамна планираните брани на Еуфрат и Тигар, од кои најновата брана е Илису.

Она што паѓа в очи е што во Сирија се најзагрозените автономните области на сириските Курди во кои големо влијание има ПКК, против која Ердоган се бори во Сирија и Ирак. Сето ова наведува на заклучок дека Турција за користи водата како инструмент за војна, посебно со оглед на тоа дека тоа го правеше и порано.

Од октомври 2019 година Турската војска ја контролира пумпната станица Алук, која ја снабдува и провинцијата Хасака, под контрола на Курдите. Оваа година веќе неколку пати им ја запреа водата. Од пумпната станица зависат околу 460.000 луѓе, меѓу нив и илјадници бегалци.

Турција демонстрира и ја зацврстува власта

– Турција ја користи водата – како Еуфрат, така и пумпните станици – за да демонстрира, зацврсне и барем на кратко да ја прошири власта. На тој начин, Турција покажува дека самоуправата на сириските Курди не е способна да обезбеди водоснабдување и ја слабее нејзината легитимност, смета Тобијас Лосов од Институтот „Клингендал“ во Хаг.

На североистокот на Сирија постои уште еден, се посериозен проблем поврзан со водата. Во околината се наоѓаат нафтени извори. Од почетокот на граѓанската војна во 2011 година, бројот на неофицијалните илегални рафинерии молскавично расте, осве тоа нафтоводите често протекуваат, па пропаѓаат илјадници барели нафта. Неодамна се објавени видео снимки од слоеви нафта врз реките, полињата, па дури и врз крзното на овците.

– Живеам во вечен страв од последиците на загадената околина, рече еден селанец за холандската невладина организација „ПАКС“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот