Ердоган и Путин се договорија кој ќе го контролира североистокот на Сирија

Фото: EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / SPUTNIK / KREMLIN

Претседателот на Русија, Владимир Путин и претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, денес постигнаа договор за поделба на контролата над североистокот на Сирија, кој бара повлекување на курдските борци од целата должина на сириско-турската граница, објави „Блиц“.

Договорот им дава на курдските борци уште 150 часа, почнувајќи од утре попладне, да се повлечат од преостанатите подрачја долж 440 километри долгата граница.

Според договорот, Турција ќе ја задржи контролата над областите во кои влегла од започнување на офанзивата во Сирија, пренесе „АП“. Исто така, договорот им дозволува на останатите руски и сириски трупи да го контролираат остатокот од границата.

Путин и Ердоган, исто така, се договорија нивните трупи заеднички да вршат патроли во пограничното подрачје.

Турција и Русија кажаа дека курдските сили во Сирија ќе се повлечат на оддалеченост од 30 километри од турската граница и ќе ги напуштат градовите Тел Рифат и Манбиџ, изјави турскиот претседател Ердоган.

Првиот човек на турската влада во Сочи, на заедничката прес-конференција за новинарите со рускиот претседател Путин, рече дека турските и руските сили заеднички ќе патролираат на северот на Сирија на оддалеченост од 10 километри од границата.

Тој, по повеќечасовниот разговор со Путин, наведе дека Анкара ќе соработува со Москва на безбедно враќање на сириските бегалци кои се наоѓаат во Турција, пренесе „Ројтерс“.

Путин додаде дека Ердоган детално му ги објаснил целите на турската воена операција во Сирија, пренесе „ТАСС“.

Рускиот претседател нагласи дека е важно припадниците на терористичките организации, особено оние на Исламска држава, кои се во заробеништво на курдските воени сили и се обидуваат да побегнат, да не ги искористат делувањата на турските воени сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот