Епл ја суспендира продажбата на паметните часовници Серија 9 И Ултра 2 поради спор за патент

Епл воч / Фото EPA-EFE/ADAM DAVIS

Епл ја стопираше продажбата на паметните часовници Серија 9 и Ултра 2 поради спор за патент со компанијата за медицинска технологија Maсимо. Спорот се однесува на сензорот за кислород во крвта пронајден во двата часовници на Епл.

Белата куќа не стави вето на одлуката на американската меѓународна трговска комисија (ИТЦ), која на почетокот на годинава објави дека Епл го прекршил патентот на Масимо, пренесува СиЕнЕН. Канцеларијата на американската трговска претставничка Кетрин Теј потврди дека Белата куќа нема да се спротивстави на одлуката на ИТЦ. Епл ги отстрани од продавниците спорните модели на паметни часовници, а од минатата недела клиентите не можат да ги нарачаат ниту преку Интернет, пишува Каматица.

Според сопствените зборови, технолошкиот гигант од Купертино „апсолутно не се согласува“ со одлуката на Меѓународната трговска комисија и најави дека ќе поднесе жалба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот