Емотивна порака на Роналдо, објави фотографија и посебна посвета

Кристијано Роналдо/ EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Кристијано Роналдо по втор пат триумфира во Серија А.

Во фудбалска Италија нема промени, Јувентус го освои деветтиот шампионски трофеј во низа, а втор откако во тимот е Кристијано Роналдо.
Португалецот иако има 35. години се уште е еден од најдобрите фудбалери на денешницата и во двете сезони во Јувентус тој постигна 52 гола.

Оваа сезона Роналдо стана првиот фудбалер на Јувентус кој по 1952 година постигнал 30 гола во Серија А, а стана и рекордер во Серија А по тоа што најбрзо стигна до бројката од 50 гола, за тоа постигнување му беа потребни 61. натпревар во Серија А.

По освојувањето на титулата, Роналдо на социјалните мрежи објави фотографија и посебна посвета:
„Еве не нас, шампиони во Италија. Воодушевен сум во втората титула по ред и со тоа што продолжувам да испишувам историја на овој невеојатен клуб. Оваа титула им ја посветувам на сите навивачи на Јувентус, а посебно на оние кои патеа и се уште патат поради пандемијата која сите нас не изненади и го сврте светот наопаку. Не беше лесно, вашата хаброст, став и одлучност беа силата која ни беше потребна за да истераме завршницата на првенството, се боревме до крајот за титулата која и припаѓа на цела Италија. Прегратки за сите вас“, напиша Роналдо.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот