Еминем / Фото EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Еминем ја тужи австралиската фирма поради името: Тврди дека наликува на неговиот псевдоним

Американскиот рапер Еминем поднесе правна тужба против австралиската компанија „Swim Shady“, тврдејќи дека нејзиното име премногу наликува на неговиот заштитен псевдоним „Slim Shady“.

Во септември, Еминем, чије вистинско име е Маршал Б. Матерс, поднесе барање до Американската канцеларија за патенти и трговски марки (USPTO) за поништување на жигот што му бил доделен на компанијата. Според американскиот закон, фирмата мора да одговори на барањето до следната недела.

Адвокатите на раперот ја обвинија сиднејската марка дека создава „лажна поврзаност“ со Еминем.

Во соопштение за „Би-би-си“, „Swim Shady“ наведе дека ќе го „брани своето драгоцено интелектуално сопствеништво“.

Компанијата, регистрирана во септември 2023 година под името „Swim Shade“ и официјално лансирана во 2024 година, продава преносливи чадори за сонце, торби и други аксесоари за плажа.

Почетоков на годинава, „Swim Shady“ во САД го регистрираше својот жиг, кој набргу потоа беше оспорен со барањето од тимот на Еминем.

Еминем го заштити името „Slim Shady“ во САД во 1999 година со излегувањето на истоимениот албум, додека во Австралија компанијата поднела барање за жиг дури во јануари 2025 година.

Неговите адвокати наведуваат дека името станало „препознатливо и познато“ и исклучиво поврзано со неговата музичка кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот