Емина Јаховиќ искрено: Бев во тешка состојба на умот

емина јаховиќ
Емина Јаховиќ / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Пејачката Емина Јаховиќ во последно време повеќе се посвети на приватниот, отколку на деловниот живот, па како што откри на својот инстаграм-профил, летово решила „да се откаже од токсичните врски, непотребните луѓе и главоболки“.

„Имав среќа што веќе напишав неверојатен албум, кога бев инспирирана за него, со таа тешка состојба на умот… Зимата `22. Песните се подготвени и полни со емоции низ кои морав да поминам во последно време… Не беше лесно, но ми беше драгоцено да го доловам тој момент и да го претворам во зборови и уште подобар звук. Созреав, научив многу. Сега се занимавам со наоѓање мир, на пример, смиреност пред бурата за неверојатниот проект кој бара внимание и креативност“, раскажа таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

Како што откри пејачката, конечно сфатила да го цени животот.

„Сега само го славиме животот и благодарна сум за сè што имаме или немаме. Универзумот работи само за нас, никогаш против…“, истакна таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

По раскошната венчавка на нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал, Емина изјави дека тој очигледно нема финансиски проблеми. Емина и Мустафа се на суд за алиментација, но водат битка и за куќата и музичкото студио.

Поранешните сопружници најголемата битка ја водат околу вилата на Босфор вредна 16 милиони евра и студијата кои ги купиле за четири милиони евра. Нивната куќа е една од најубавите во Турција. Има два базени, терен за голф, теретана, шест спални соби и прекрасен поглед на градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот