Елза Скиапарели: Најсериозната конкурентка на Коко Шанел (ФОТО)

Иако Елза Скиапарели (1890-1973) беше една од најистакнатите модни икони меѓу двете светски војни, нејзиното име денес сè поретко се спомнува. Сепак, неспорни се новите бурни ветрови кои таа ги донесе на модната сцена.

Родена во богато семејство во Рим, уште од мала го покажува страствениот интерес кон уметноста и дизајнот. Сметајќи дека богатството во кое живее само ќе и наштети на нејзината уметност, како девојка се преселува во Њујорк и набрзо станува пријателка со големите уметници, мајсторот на експерименталната и модна фотографија Мен Реј и сликарот и скулптор Марсел Дишан.

Каишот што го дизајнирала во 1934 година

Во 1922 година кога Мен и Габи Реј одлучиле да заминат за Париз, Елза им се придружила. Во Париз се вљубува во модниот свет, во стилот на парижаните, а таа страст кон модата ќе ја донесе на една ревија, како гостин. За да изгледа убаво на настанот, си сплетува за себе црн пуловер со бел раб околу вратот.

pDal and Schiaparelli circa 1949.p

Овој многу необичен пуловер ќе го привлече вниманието на прочуената писателка Анита Лус (меѓу другите дела, позната и по сценариото за филмот „Мажите повеќе сакаат русокоси“) и оттука започнува нивното пријателство. Лус ќе ја запознае Елза со тогаш големиот моден креатор Пол Пуаре, кој ќе ја убеди да отвори моден салон. Лус ќе и помогне и со своите креации, подоцна, да влезе во холивудскиот филм.
Така, Скиапарели го отвора модното ателје во 1926 година, но и покрај позитивните критики не успева од своето име да направи препознатлива марка. Една година подоцна ќе ја лансира колекцијата во која доминираат плетените пуловери со надреалистички слики. И оттука почнува возбудливата модна приказна.

Postwar Schiaparelli designs included the stunning two-in-one dress at left, from 1951, and the goofy hat at right, from 1950.
Повоените креации на Скиапарели

Елза, Дали, Кокто…

Како љубител на модерната уметност Елза почнала да соработува со Салвадор Дали.
Од нивната соработка произлегуваат оригинални модни решенија. На пример, славниот фустан на кој Дали ќе наслика јастог. Или фустанот наречен костур.

Фустанот наречен костур

Славата конечно стигнува

Со Жан Кокто пак, ќе дизајнира палто кое предизвикува оптичка илузија – на палтото се насликани две лица кои гледаат едно во друго, а кога ќе се погледне палтото уште еднаш, единствено нешто што ќе видите на него е една вазна. Рамениците и деловите на грбот од палтото се украсени со вез од розови рози. Првиот шок на модната сцена во Париз.

Во 1931 година повторно ќе предизвика бурни реакции и нов шок претставувајќи го таканареченото сплит здолниште. И покрај бројните критики, ова здолниште ќе стане многу популарно за играње тенис и возење велосипед. После толку години напорна работа и експериментирање, славата на Елза конечно стигнува.

Two collaborations with Jean Cocteau included a <a href="http://www.philamuseum.org/collections/permanent/65332.html?mulR=759792134%7C25">long evening coat</a>, at left, and a <a href="http://www.philamuseum.org/collections/permanent/65317.html?mulR=744316047%7C14">sequined evening jacket</a>, at right, both from 1937. Courtesy the Philadelphia Museum of Art.
Капутот и палтото што ги дизајнирале со Кокто во 1937 година

Не и по мој вкус!

Тенденцијата на војните беше да променат се, па дури и вкусот. После Првата светска војна модните креации стануваат поедноставни, без декорации, со прилично строги линии. А креативната Елза Скиапарели не се прилагоди на таа нова побарувачка на пазарот и затоа одлучува да го затвори своето модно ателје, во 1954 година и се откажува од модата. Доволно богата, продолжува да живее сама, но не и осамена покрај бројните генијалци од уметничкиот свет со кои го делела секојдневието.

Нејзиниот прилично краток брак со грофот Керлор, речиси и сосема се „избришал“ од нејзината бурна животна и модна биографија. Нивната ќерка, грофицата Марија Лујза Керлор, позната како Гого Скиапарели, се омажила со богатиот бизнисмен Роберт Беренсон и во тој брак се раѓаат две деца – моделот Мариза Беренсон и модната фотографка Бери Беренсон.

Фустанот со јастог и вечерниот фустан што го носела Елса во 1931 година

Двете сестри се појавуваат на насловната страница на Вог во раните 70-те години. Бери била мажена со глумецот Ентони Перкинс, а речиси девет години подоцна на кобниот 11 септември 2001, Бери го загубила животот во летот 11 на Американ ерлајнс, кога авионот се урна во една од кулите на Светскиот трговски центар. Внуците на Елза Скапарели ја продолжуваат уметничката лоза. Едниот е глумец, Оз Перкинс, а другиот е музичар, Елвис Перкинс.

Чизми со крзно од мајмун

Најсериозната конкурентка на Коко Шанел, Елза Скиапарели, ќе ја напише својата автобиографија на 64-годишна возраст и сосема ќе се повлече од јавниот живот во нејзината куќа во Тунис. Во куќата во Париз навраќала повремено, сè до длабоката старост и до смртта во 1973 година.

Скапарели до денес останува инспирација на бројни славни модни креатори, меѓу кои и Лубутен и Мјучиа Прада.

Related image

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот