Елмас: Веруваме во победа против Австрија

Слободен печат/Арбнора Мемети

Фудбалерите несреќно загубија од Полска со 0:1 на Националната Арена „Тодор Проески“, но мислите веќе се насочени кон наредниот предизвик, селекцијата на Австрија.

На 10 јуни, в понеделник, повторно пред домашните навивачи, „рисовите“ имаат шанса да се извадат за поразот од Полска, а со евентуален позитивен резултат се задржуваат шансите за освојување на второто место во групата Г.  Македонскиот бисер, Елиф Елмас верува во позитивен исход против Австрија.

– Полска веќе е зад нас, одигравме квалитетно и навистина е штета што не извлековме поволен  резултат туку Полска незаслужено победи. Но, сега мораме да се фокусираме на Австрија која максимално ја почитуваме но ќе направиме се што е потребно за да победиме – вели Елмас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот